ноември 23, 2024

,,The wall street journal” потенцира дека информациите не само што се неточни, туку и застарени.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги отфрли наводите на ,,The wall street journal” дека рускиот претседател Владимир Путин добива „искривени факти“ за војната во Украина.

„Претседателот, како и досега, има неколку канали преку кои се информира за ситуацијата. Сите тврдења дека добива искривени факти се лажни“, рече Песков.

Според „The wall street journal“, секое утро Путин добива писмен извештај за текот на војната во Украина, во кој успесите се преценети, а неуспесите минимизирани.

Весникот наведува дека податоците за ситуацијата на бојното поле прво ги обработуваат експертите на ФСБ, а потоа ги проследуваат до експертите од Советот за безбедност на Русија.

Извештајот конечно се доставува до првиот човек на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.

Патрушев е личноста која му ја соопштува информацијата на Путин, пренесува ТАСС.

,,The wall street journal” наведува дека тогашната информација не само што е неточна, туку и застарена.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK