септември 24, 2024

Човек од Флорида e убиен од полицијата откако го фрлил својот деветгодишен син во оган, тврдејќи дека момчето е „обземено од ѓаволот“.

Полицијата соопшти дека добила повик по 16 часот за луѓе кои запалиле куп ѓубре.

Кога пристигнале на местото на настанот, се соочиле со Ричард Хам (39), кој бил вооружен со две метални цевки.

Кондово: Го внесле во автомобил и го тепале

Вистинска драма се случувала вчера во Кондово кога двајца мажи внесле момче во автомобил и го тепале. – На 23.12.2023 во 18.20 часот во СВР Скопје Х.Р.(19) од с.Горна Матка-скопско пријавил дека на …
Фановите на „Сам дома“ сфатија дека филм од оваа сцена не постои и сега сакаат да се сними

Еден од најпознатите реплики од омилениот божиќен филм “Сам дома” е „(keep the change, ya filthy animal)“. Кевин МекКалистер ја научи таа реплика откако го гледаше црно-белиот филм Angels With Filthy Souls. Кевин гледа …

Според полицијата, тој одбил да ги исполни нивните барања, поради што еден од полицајците употребил електричен шокер. Сепак, се чинело дека тоа не помогна, Хам го извади „Тејзерот“ од себе и повторно се вооружил со една од металните цевки. Потоа замавнал и го удрил еден полицаец по глава.

Полицаецот потоа извадил пиштол и го застрелал. Ранетиот бил пренесен во болница каде починал.

По истрагата, полицијата дознала дека Хам и 30-годишната Лакења Филипс ги запалиле работите на нејзиниот деветгодишен син затоа што верувале дека е опседнат од демон.

Еден сведок рече дека Хам го ставил момчето во оган и го покрил со запалено ќебе, но за среќа момчето избегнало сериозна повреда.

Во возилото што го управувал Хам биле пронајдени повеќе видови на огнено оружје и дрога.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK