септември 24, 2024

Нил Нанда, познатиот комичар, почина на 32-годишна возраст, а тажната вест ја објавија бројни клубови каде што настапуваше, меѓу кои „The Comedy Chateau“ и „The Port Comedy Club“.

Деталите за неговата смрт сè уште не се познати, а се шпекулира дека извршил самоубиство. Нанда почина вчера, 23 декември, а семејството сè уште не ја објави неговата смрт.

RIP Neel Nanda you were one of the nicest, hardest working comedians I’ve ever called a friend and i hope you can be at peace brother — Matt Rife (@mattrife) December 23, 2023

Од него се простија многу колеги. 

–  RIP, Нил Нанда. Беше еден од најдобрите и најпосветените комичари кој ни беше и голем пријател  – напиша познатиот комичар Мет Рајф, кој се прости од него на социјалната мрежа Твитер.

Кариерата ја започна во родниот град Атланта, а потоа се пресели во Јужна Калифорнија, по што успесите продолжија. Работел за „Viceland’ Flophouse“ и за Hulu.

Неговите родители се по потекло од Индија, тие емигрирале во Америка, а нивниот брак бил договорен. Од раното детство, тој беше многу љубител на комедијата. Масите ги сакаа неговите шеги, а неговите колеги сакаа да бидат во негово друштво.

Неговото шоу „Непотребно зло“ беше прогласено од „LA Weekly“ за еден од најдобрите стенд-ап. Покрај неговите колеги, на социјалните мрежи од Нанда се простија и многу пријатели, особено оние од детството, кои споделија убави спомени со него.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK