септември 24, 2024

Според „Билд“, Русија следната зима би можела да нападне една од европските земји.

Германскиот весник, повикувајќи се на свои извори во една од европските разузнавачки служби, наведува дека Руската Федерација би можела да ја нападне Европа за време на претседателските избори во САД, бидејќи големата сила ќе се најде без лидер некое време и веројатно нема да може да им дојде на помош на своите сојузници или тоа ќе го направи со задоцнување.

Кондово: Го внесле во автомобил и го тепале

Вистинска драма се случувала вчера во Кондово кога двајца мажи внесле момче во автомобил и го тепале. – На 23.12.2023 во 18.20 часот во СВР Скопје Х.Р.(19) …
Фановите на „Сам дома“ сфатија дека филм од оваа сцена не постои и сега сакаат да се сними

Еден од најпознатите реплики од омилениот божиќен филм “Сам дома” е „(keep the change, ya filthy animal)“. Кевин МекКалистер ја научи таа реплика откако го гледаше црно-белиот филм …

Билд наведува дека ова е периодот помеѓу заминувањето на актуелниот американски претседател Џо Бајден од функцијата на почетокот на ноември 2024 година и преземањето на функцијата од неговиот потенцијален наследник во јануари 2025 година.

Извори на весникот наведуваат дека Кремљ се надева дека поранешниот претседател Доналд Трамп ќе се врати на чело на Белата куќа бидејќи „се може да се случи“ за време на неговиот мандат.

Билд, сепак, не наведува која европска земја Русите на крајот ќе ја нападнат и со која цел.

Да потсетиме дека само 17 отсто од Германците се подготвени да земат оружје и да ја бранат земјата во случај на воен напад, покажа истражувањето. Истражувањето нарачано од неделникот Штерн покажа дека повеќето Германци не се подготвени да ја бранат својата земја во потенцијален вооружен конфликт.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK