септември 24, 2024

Албанскиот опозициски блок, формиран од Алтернатива, Движењето Беса и Демократското движење денеска отвори нова заедничка канцеларија во Старата скопска чаршија и најави дека на наредните избори во нивната коалиција ќе се вклучи и косовската политичка партија Самоопределување со којашто ќе се води заедничка кампања и заеднички изборни листи.

-Од денеска Европскиот сојуз се состои од четири политички партии. Сега значи во овие четири е и Самоопределување, програмата ја работиме заедно, и нова канцеларија заедничка, и кампањата ќе биде заедничка, и ќе бидат дел парламентарните листи, значи ќе има членови и претставници од Самоопределување, изјави Меџити.

Кондово: Го внесле во автомобил и го тепале

Вистинска драма се случувала вчера во Кондово кога двајца мажи внесле момче во автомобил и го тепале. – На 23.12.2023 во 18.20 часот во СВР Скопје Х.Р.(19) од с.Горна Матка-скопско …
Фановите на „Сам дома“ сфатија дека филм од оваа сцена не постои и сега сакаат да се сними

Еден од најпознатите реплики од омилениот божиќен филм “Сам дома” е „(keep the change, ya filthy animal)“. Кевин МекКалистер ја научи таа реплика откако го гледаше црно-белиот филм Angels With Filthy …

Во однос на нивното барање за член во Државната изборна комисија (ДИК), Меџити го повтори ставот дека ќе ги искористат сите демократски средства, па дури и порадиклани, повторувајќи дека можно е напуштање на Собранието. Рече дека „се соочуваат со тенденција за фалсификување на изборите од страна на актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери“.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, во своето обраќање нагласи дека оваа коалиција од партиски сојуз се претвора во, како што рече, сенароден сојуз.

Додека претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, оцени дека канцеларијата ќе биде место кој ќе служи на народот и оти новата влада ќе им служи на граѓаните.

На свеченото отворање на новата канцеларија на оваа коалиција меѓу политичките партии Демократско движење, Алтернатива и Движењето Беса, учествуваше и претставник од косовската политичка партија Самоопределување, Бесим Ќоку.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK