септември 25, 2024

Министерството за внатрешни работи во соработка со Вишото обвинителство покрена акција за апсење на сите кои вечерва предизвикаа нереди пред градското собрание на Белград.

Тие насилно се обидоа да упаднат во Градското собрание.

Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека се уапсени најмалку 30 демонстранти, а повеќе од 30 полицајци биле повредени при судирите со симпатизерите на опозицијата, од кои еден се здобил со тешки повреди.

Според медиумите, учесниците во нередите имале фантомки и биле пренесени во полициската станица на Бежанијска коса.

Група демонстранти, предводени од претставници на опозицијата, вечерва се обидоа насилно да влезат во градското собрание на Белград, а отккао не успеаја кршеа прозорци и фрлаа со коцки од калдрмата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK