септември 25, 2024

Пијан возач облечен во костим на Дедо Мраз се заби во куќа додека доставувал подароци на Бадник во источната германска покраина Тирингија.

Според полицискиот извештај објавен утринава, 54-годишен маж излетал со автомобилот од патот и удрил во куќа и автомобил во општината Унштрутал, северно од Милхаузен.

Полицијата извести дека предниот дел на куќата е значително оштетен, но подароците што мажот ги имал за семејството и пријателите останале неоштетени. Кога полицијата пристигнала на местото на несреќата видела дека мажот не е способен за возење и му направила алкотест во крвта.

54-годишникот се гони за загрозување на сообраќајот. Несовесниот Дедо Мраз изјавил дека сепак ќе ги достави своите подароци на Божиќ, но доставата ќе мора да ја изврши без својот автомобил оти му е одземена возачката дозвола.

The post Пијан Дедо Мраз со автомобилот се забил во куќа – фасадата лом, подароците неоштетени appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK