септември 25, 2024

Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали (58), призна дека иднината на Монца како домаќин на Италијанското ГП е неизвесна освен ако организаторите на трката и сопствениците на патеката не направат некои значителни подобрувања.

„Храмот на брзината“ е домаќин на Формула 1 од 1950 година, а Монца го држи и рекордот по бројот на одржани трки на една патека (72).

Најуспешни возачи во историјата на оваа патека се Луис Хамилтон и Михаел Шумахер со по пет победи.

„Преговараме за иднината на Монца, но ни треба повеќе, за успешно да ги продолжиме преговорите“, изјави Доменикали за радио РАИ.

„Одржувам добри односи со италијанската мотоспорт федерација, но поправките и подобрувањата во Монца мораа да се случат веднаш по завршувањето на последната трка, но всушност се уште ништо не е направено. Тоа е конструктивна критика, мора да има подобрување“.

Истовремено, Доменикали ја пофали Имола и враќањето на оваа патека во календарот, иако трката не се одржа во 2023 година, поради големите поплави во регионот Емилија-Ромања.

Сепак, шефот на Формула 1 јасно стави до знаење дека доколку Монца ја загуби организацијата, Големата награда на Италија лесно може да се пресели во Имола, отворајќи уште еден простор во календарот на Формула 1 за нова трка.

„Организацијата на трките во Формула 1 повеќе не може да остане на приватно ниво. Италија мора да се посвети на таа цел, мора да се направи избор“, рече Доменикали.

Последниот одговор беше поврзан со државните средства што ги добива италијанската Формула 1, што е секогаш предмет на разговор меѓу првиот човек на АЦИ, Анџело Стичи Дамијани и италијанската влада.

The post Монца би можела да испадне од календарот на Формула 1 appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK