септември 25, 2024

Здружението на судиите во Премиер лигата (PGMOL) втор пат од почетокот на сезоната му се извини на Ливерпул, поради грешка направена на шетат на клубот.

Откако Ливерпул, беше оштетен против Тотенхем, кога беше му поништен регуларен гол на Луис Дијаз, „црвените“ беа оштетени и во саботата против Арсенал.

Во 20.минута, при резултат 0:1, Крис Кавана не досуди очигледен пенал за Ливерпул, по играњето со рака од страна на Мартин Одегард.

Спорната ситуација покрај главниот судија не ја забележаа ниту во ВАР собата, каде главен беше Дејвис Кут.

„Судијата на теренот донесе лоша одлука во однос на играњето со рака од срана на Одегард. Тоа беше чиста и очигледна грешка што значи дека ВАР мораше да реагира и да досуди пенал. што не се случи. Ќе истражиме и ќе утврдиме како настанала грешката. Контактиравме и претставници на Ливерпул и ја потврдивме грешката“, се вели во соопштението.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше лут по натпреварот, а дефанзивецот на гостите Вилијам Салиба призна дека имало пенал. „Да, тоа беше пенал, но јас не сум судија, не знам што се случи“, кратко прокоментира Салиба.

How the hell wasn’t this given as a handball against Odegaard??? #LIVARS pic.twitter.com/0PO8f87UzU

— Paul (Maych) Machin (@ThePaulMachin) December 23, 2023

The post (Видео) Наместо пенал во дербито Ливерпул доби извинување од судиите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK