септември 25, 2024

Фудбалерот на Сао Паоло, Лукас Лопез Бералдо се согласил да се пресели во Пари Сен Жермен, пренесуваат француските медиуми.

Бералдо (20) е младински репрезентативец на Бразил, а годинава за Сао Паоло одигра 48 натпревари и постигна еден гол. Тој игра на позицијата стопер.

Француските медиуми пренесуваат дека младиот бразилски фудбалер на почетокот на следната година би требало да потпише договор со Пари Сен Жермен. Сао Паоло ќе добие отштета од 20 милиони евра.

Бералдо во редовите на францускиот шампион би требало да го замени Преснел Кимпембе, кој долго време е отсутен поради повреда.

The post ПСЖ го договори Лукас Бералдо appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK