септември 25, 2024

Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала би можел да го пропушти претстојниот дерби натпревар од 18. коло на Серија А против Јувентус.

Аргентинецот се уште не е опоравен од повредата, пренесуваат италијанските медиуми.

Дибала се повреди на 10 декември на мечот против Фиорентина. Тој поради повреда на мускулот ги пропушти натпреварите против Шериф, Болоња и Наполи.

Италијанските медиуми пренесуваат дека тренерот на Рома Жозе Мурињо очекувал аргентинскиот напаѓач да биде подготвен за дуелот против Јувентус, но мали се шансите Дибала да се опорави до сабота.

Дибала оваа сезона одигра 14 натпревари и постигна четири гола во сите натпреварувања.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Рома се игра во сабота од 20:45 часот во Торино.

The post Рома без Дибала и против Јувентус appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK