септември 25, 2024

Израелската Армија досега убила осум илјади палестински борци за време на војната во Појасот Газа, објави во неделата портпаролот на Армијата, додека премиерот Бенјамин Нетанјаху ја најави борбата на Израел до „тотална победа“ над Хамас.

„Споменатата проценка се заснова на извештаите за таргетирани напади и извештаи од бојното поле, како и на испрашување на затвореници“, изјави портпаролот на израелската Армија.

ВИДЕО | РАЗРЕШЕНА Е МИСТЕРИЈАТА ЗА СТРАШНОТО ЗЛОСТОРСТВО ВО ПРАГА – Нови детали за убиецот: “Сега знам зошто ја носеше таа гитара секој ден…“

Во Чешка помина националниот ден на жалост по незамисливото злосторство што во четвртокот минатата недела го изврши 24-годишниот студент Дејвид Козак на Филозофскиот Факултет на Универзитетот „Чарлс“ во центарот на Прага. Граѓаните …
Бесплатно вино за сите оние кои ќе дојдат на тродневниот новогодишен фестивал во паркот Авионче

Од денес па се до 27-декември во скопската населба Аеродром во паркот Авионче ќе се одржи новогодишниот фестивал “Новогодишна Бајка“. Овој фестивал освен храна и вино на скопјани ќе им …

„Израелските сили се движат подлабоко во Појасот Газа“, посочи Бенјамин Нетанјаху во неделното обраќање, додавајќи дека Израел ќе се бори до „тотална победа“ над Хамас.

Алудирајќи на фактот дека 15 израелски војници биле убиени во текот на викендот, Бенјамин Нетанјаху вели дека војната има висока цена.

Бенјамин Нетанјаху

„Правиме се за да ги заштитиме животите на нашите воини“, додаде тој.

„Да бидеме јасни, ова ќе биде долга војна“, најави Бенјамин Нетанјаху.

Израелската Армија во неделата ги негираше наводите за злосторство извршено во болница во Појасот Газа.

Пред една недела дел од медиумите објавија дека израелската Армија употребила булдожер за да ги уништи шаторите на бегалците во дворот на болницата, при што загинаа околу 20 луѓе.

Според извештајот на CNN, тие застрелале неколку доктори, иако веќе ја провериле нивната можна поврзаност со терористички активности и дозволиле воено куче да касне човек во инвалидска количка.

Израелската Армија (ИДФ) нема врска со телата пронајдени во болницата „Камил Адван“ во Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, се вели во соопштението објавено во неделата.

На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како црвен булдожер наводно закопува луѓе во дворот на болницата.

Сепак, видеото датира од 2013 година и нема никаква врска со моменталното распоредување на израелски војници во Џабалија, според израелската Армија.

Армијата ги негираше обвинувањата и соопшти дека прави се што е можно за да не им наштети на невините.

Болницата била користена од Хамас за терористички активности и била лоцирана во близина на едно од нејзините штабови, соопшти ИДФ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK