септември 25, 2024

Во периодот од 2021 – 2023 година завршени и во фаза на реализација се околу 900 км патна мрежа. Од нив во овој период се изградени, реконструирани и рехабилитирани државни патишта во должина од 630 км, од кои поголем дел од нив 40 години не беа ставени на дневен ред и кои беа во исклучително лоша состојба. При тоа, приоритет ни беа сите патишта коишто водат кон граничните премини, рече Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми .

Завршени се патните делници:
Узем – Тораница – 7км
Ботун – Брежани – 10,5км
Транзит низ Охрид – 2км

Со Програмата за одржување и заштита на државни патишта со Македонијапат секоја година рехабилитираме државни патишта, и тоа во:

2021 година рехабилитирани се 141 км
2022 година рехабилитирани се 101 км
2023 година рехабилитирани се 88 км
Во тек е изградба на 160 км автопатишта и 51км експресни патишта, како и изградба и рехабилитација на 65км регионални патишта со инвестициона вредност над 2 милјарди евра. Тоа се следните патните правци:

Изградба на автопат Кичево – Охрид-57 км
Изградба на автопат Скопје – Блаце-2 км
Изградба на Коридор 8 и Коридор 10 д – 110км
Изградба на експресен пат Крива Паланка–Длабочица–Страцин (Чатал)-25,5 км
Изградба на експресен пат Градско–Прилеп, делница Градско-Фариш-25,5 км
Изградба на сосема нов регионален пат Извор (спој со А2)-Гарски мост- 19 км
Изградба на обиколница на Тетово преку клучка Требош до Непроштено (фаза 1)-5,4 км
Реконструкција со рехабилитација-доградба на една лента на државен пат Крива Паланка-Деве Баир-13 км
Реконструкција на државен пат делница, Струмица – Дабиле- 3 км
Рехабилитација и поправка на регионален пат Охрид – Св. Наум- 24,3 км

Годинава отпочнавме и со поправка и рехабилитација на најоштетените делови на автопатските делници на Кордиор 8 и Коридор 10:

Рехабилитација со проширување на автопат делница, Петровец– Катланово – 5,3 км
Рехабилитација на автопат делница, Демир Капија – Неготино – 15 км
Рехабилитација на автопат делница, Скопје-Тетово – 13 км

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK