септември 25, 2024

Повеќе од 100 припадници на вооружените сили на Украина, на кои им беше даден седумдневен одмор за Божиќ, наводно загинале на враќање дома.

Шокантната информација денеска на социјалните мрежи ја објави поранешниот советник на украинската влада Виталиј Бала. Познат политичар наведува дека загинале 108 војници од бригадата лоцирана кај Авдијивка, кои биле испратени дома за празниците.

Турските разузнавачи го „неутрализираа“ главниот терорист на ПКК во северен Ирак

– Турските разузнавачи го „неутрализираа“ таканаречениот водач на терористичката организација ПКК во северен Ирак, соопштија денес безбедносни извори. Разузнавачите извршија операција во градот Сулејманија за неутрализирање на …
Во оваа земја обичај е алиштата да не се перат до јануари: Многумина велат дека тоа е суеверие, а еве што се крие зад овој необичен ритуал (фото)

Остануваат уште неколку дена до новогодишната ноќ, а се трупаат бројни домашни работи . Но, едно старо суеверие дава зелено светло за безделничење на крајот на годината. Многумина сметаат дека алиштата не треба да се перат …

– Организираа ждрепка за да видат кој ќе оди, а војниците кои не беа извлечени беа многу вознемирени и некои дури побараа да бидат сменети. Никој не се согласил на тоа бидејќи сите сакале да се видат со своите роднини со оглед на тоа што немаат отсуство речиси една година. Сите извлечени влегоа во автобусите и си заминаа, но не стигнаа дома. Да имаше автомобили, можеби немаше да се случи таква тага, но нема пари за автомобили – напиша Бала, кој не прецизираше што точно се случило и дали автобусите со војници биле нападнати од руските сили.

Бала наведува и дека нема официјален извештај за смртта на 108 војници.

– Не сакав веднаш да напишам што се случи, мислев дека ќе има некакви пораки, дека ќе се жалат по војниците, но немаше… Не знам што треба да се случи за сегашната Владата да престане да ги крие нашите загуби и да почне да ги почитува мртвите. Ова не може да продолжи – напиша Бала.

Вестта ја пренесуваат и бројни украински и руски канали на Телеграм.

– Има многу такви загуби на фронтот. Нормалните возила се лесен плен за секоја артилерија и беспилотни летала. Авдијивка е под постојан руски надзор подолго време, како и најблискиот заден центар на овој сектор, Курахово. Најверојатно кон нив бил испратен дрон или проектил. Ова е уште една погрешна пресметка на офицерите на заднината кои не размислуваат за безбедноста на војниците – пренесува украинскиот канал Легитимни.

Засега ниту една страна нема официјално соопштение.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK