септември 25, 2024

Тејлор Свифт го помина Божиќ на натпревар. Имено, клубот на нејзиното момче Тревис Келче играше против Лас Вегас Рајдерс, а пејачката не пропушти прилика да навива за него, во божиќно издание.

Таа на стадионот пристигна во друштво на Дедо Мраз, а на главата носеше божиќна капа со извезениот број 87, бројот кој Келче го носи на својот дрес. Со неа биле нејзините родители.

Секако, таа и овој пат беше главната атракција на натпреварот, па се појавија многу навивачи со табли на кои пишуваше: „Тука сум за Тејлор Свифт!“ Но, овој пат таа не му донесе среќа на тимот на нејзиното момче, а Канзас Сити Чифс загуби со 14-20 од Рајдерс.

„Тејлор е вљубена до петици. Одамна не била со некој што е толку возбуден и горд што е со неа. Навикната е да се крие кога е во врска. Сега конечно е со некој кој не е. Таа е воодушевена што не мора да биде со него за да се крие“, открија неодамна извори блиски на пејачката.

The post Тејлор Свифт го помина Божиќ на натпревар appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK