септември 25, 2024

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 147 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK