септември 25, 2024

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информира дека во Скопје е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и оти стапуваат во сила препораките работодавците да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

-Препорачуваат лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот; да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

– Според списокот на светски најзагадени градови, Скопје во моментов е на 9 тото место со индекс на загадување 165. Во моментов, според платформата „ај-кју ер“, во Скопје се измерени 83 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, а ПМ 10 честичките се со концентрација од 155 микрограми на кубен метар. Концентрацијата на ПМ 2,5 во скопје во моментов е 16,6 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на светската здравствена организација.во десетката светски градови, Скопје е единствен град од Европа на листата најзагадени градови.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK