септември 25, 2024

Foto/ EPA

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Евертон на „Гудисон парк“ во Ливепул, со 3:1 во 19. коло од Премиер лигата.

За актуелните шампиони ова беше втора победа во Премиер лигата на последните седум натпревари,на на ривалите им испратија порака дека влегуваат во својата препознатлива победничка серија, која во претходните сезони започна токму околу празниците.

Вечерва шампионот баш и не се прослави, губеше на полувремето со голот на Херисион, но потоа се сврте преку Фоден, Алварез од пенал и Бернардо Силва.

Сега Сити е четврти на табелата со 37 бодови, што е пет помалку, со меч помалку од лидерот Ливерпул. Евертон е 17-ти со 16 бодови, но треба да се напомене дека на овој тим му се одземени 10 бода. Како што игра оваа сезона, Евертон и со тој хендикеп не треба да биде меѓу оние кои ќе се преселат во Чемпионшип.

The post (Видео) Манчестер сити победи на „Гудисон парк“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK