март 15, 2026

Во петокот наутро неидентификуван летечки објект навлезе во воздушниот простор на Полска, земја-членка на НАТО, од правец на границата со Украина, соопшти Оперативната команда на полската Армија, пренесуваат тамошните медиуми.

РЕКОРДНА ПРОДАЖБА НА ПЛОЧИ ВО БРИТАНИЈА ОД 1990 ГОДИНА – Касетите се повторно популарни: Враќање на старите носачи на звук

Продажбата на грамофонски плочи во Велика Британија го достигна своето највисоко ново ниво од 1990 година оваа година, а касетите исто така се …
ПЕКОЛ НА ЗЕМЈАТА – Жалбата на Чапо одбиена, погледнете каде ќе го помине остатокот од животот: Ова е полошо од смртна казна

ADX Florence е прогласен за најлош затвор во САД со причина. Во споредба со него, затворите во Бразил, Ел Салвадор, Хондурас или Тајланд …

„Од моментот кога ја преминал границата до исчезнувањето на сигналот, бил следен од радари за против-воздушна одбрана“, соопшти Оперативната команда на социјалната мрежа Х (Твитер).

Приватната телевизија „Република“ објави дека објектот се барал во близина на градот Хрубиесов во јужна Полска. Медиумската агенција Reuters не можеше веднаш да ја потврди оваа информација.

„Во согласност со важечките процедури, оперативниот командант на вооружените сили ги мобилизира расположливите сили и средства со кои располага“, стои во објавата.

Русија изврши воздушен напад во текот на ноќта против Украина, испраќајќи 158 беспилотни летала и проектили во најголемиот воздушен напад од почетокот на сеопфатната инвазија, насочени кон критичната инфраструктура, индустријата и воените објекти, соопшти украинската Армија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK