септември 26, 2024

Според глобалното истражување на „Галуп интернешенел“, кое во Македонија го спровела БРИМА, земјава е под светскиот просек во перцепциите.Само еден од петмина Македонци, односно само 20 отсто од испитаниците, сметаат дека 2024 ќе биде подобра од 2023, додека 34 отсто сметаат дека ќе биде полоша. 40 проценти очекуваат таа да биде иста како 2023 година.

Во регионот, нешто слично како и во Македонија и во Србија со 19% и во Бугарија со 18% испитаниците покажуваат висок степен на песимизам за наредната година. Најоптимистични, пак се граѓаните во Косово со 68% и Албанија 57% кои сметаат дека 2024 ќе биде „подобра“ од 2023.

Македонците покажуваат видлив песимизам и во врска со економскиот просперитет. Мнозинството, 42 отсто, очекува економски тешкотии во новата 2024, наместо економски просперитет за кој се изјасниле 17%. 35% сметаат дека ќе биде иста како 2023 година.

Мнозинството граѓани очекуваат и попроблематична, а не, мирна нова 2024 година. Така, 34% одговориле дека ќе биде „понемирна“, 18% дека ќе биде помирна од оваа година. За 41% ќе биде иста како оваа.

Граѓаните кои ги анкетираше Канал 5 поделени во очекувањата за напредокот на државата наредната година.

Испитувањето како дел од истражувањето на „Галуп интернешенел“ е направено од 1 до 22 декември 2023 со 1.203 испитаници, лице-в-лице, со маргина на грешка од +/- 2,8.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK