септември 22, 2024

Здружението на германски лекари ја повика јавноста да избегнува да бара помош во одделениејата за итна помош ако за време на празниците страдаат само од полесни болести, јави ДПА.

Германското здружение за анестезиологија и медицина за интензивна нега (GDAIM) го упати повикот во соопштение додека државата го празнува Бадник.

Луѓето треба внимателно да размислат дали се способни да се погрижат за некои „полесни заболувања“ дома за време на Божиќ и крајот на годината, рече претседателот на GDAIM, Френк Ваплер. „Ова би можело да ги ослободи болниците за оние кои навистина имаат сериозна болест и имаат потреба од итна нега“, додаде тој.

Анестезиолозите често работат во единиците за интензивна нега или како лекари во  итни случаи.

Според него, неколку недели болниците се преоптоварени со пациенти заболени од респираторни инфекции, а болестите ги погодуваат и вработените кои ги лекуваат. „Сите ние треба да го дадеме својот дел за да се погрижиме оваа ситуација да не се влоши, особено за време на божиќните празници“, рече Ваплер. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK