Дедо Мраз и нуркачите од „Акватек“ со подводна еко акција во Охридско Езеро.
Нуркачите од нуркачкиот клуб „Акватек“, на креативен и несекојдневен начин, викендов спроведоа подводна еко – акција во Охридско Езеро. Членовите на нуркачкиот центар беа облечени како Дедо Мраз.
Целта на оваа еко-акција е да ги заокружиме нашите подводни активности за годинава што изминува. Дополнително, сакаме да упатиме порака до сите наши сограѓани за подигнување на еколошката свест бидејќи заслужуваме чисто езеро, не само за нас, туку и за идните генерации.
Изминатава година нуркчкиот клуб „Акватек“, направи повеќе акции за чистење на езерото во кои извлекоа габаритен шут и смет кој не само што го загадува езерото, туку му штети и на подводниот свет.
Охридското езеро и останатите езера и реки се нашето непроценливо богатство. Затоа ги покануваме сите нуркачи да се вклучат во нашите еко- акции за зачувување на водите и животната средина.
Голема благодарност до Општина Охрид за поддршката.
Среќни празници и чувајте ја животната средина.
Diving Center Akvatek #akvatek #gopro
Следете не, не има насекаде