ноември 21, 2024

Наместо да си посака Среќна Нова Година и да ја прослави вечерта како што доликува, малолетник од Тетово почетокот на годината нема да го памети по добро. Во крајно неразбирливи и неразјаснети околности младиот човек се здобил со повреди откако петарда му пукнала во устата за време на новогодишната ноќ стои во билтенот на СВР Тетово.

За време на новогодишната ноќ во центарот на Тетово како што известува МВР немало посериозни инциденти освен тројца граѓани кои биле во алкохолизирана состојба.

Во врска со користењето на петарди МВР заедно со лекари од клиниката за Пластична хирургија недели пред новата година спроведоа кампања околу користењето на пиротехничките средства и последиците кои можат да настанат меѓу кои повреди. За жал дел од граѓаните ги игнорираат овие совети па така петардите ни стануваат секојдневен декор при прослави на одредени настани.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK