ноември 21, 2024

Еден од најдобрите светски тренери, Карло Анчелоти, освојувал трофеи со бројни клубови, но никогаш немал можност да го води тимот за кој навивал како дете.

„Кога бев дете навивав за Интер. Сè уште го сакам тој клуб. Но, никогаш нема да го тренирам“, искрено изјави италијанскиот стручњак, кој златните тренерски денови ги помина на клупата на градскиот ривал на Интер, Милан.

Анчелоти (64) е на клупата на Реал од летото 2021 година, кој е лидер во лигата со 45 бода од 18 натпревари.

Трофејниот тренер кариерата ја започна како помошник во стручниот штаб на италијанската репрезентација, а потоа работеше во Реџина, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн, Наполи и Евертон.

Дон Карло, како што го нарекуваат е еден од најдобрите тренери во последните две децении. Со Милан двапати ја освои Лигата на шампионите, им го донесе Скудетото, национален првак беше со Челси, Баерн и ПСЖ. УЕФА двапати го избра за тренер на годината.

The post Анчелоти: Навивав за Интер како дете, го сакам тој клуб, но никогаш нема да го тренирам appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK