ноември 21, 2024

Седма година по ред во Неготино нема организиран дочек на Новата година на плоштад, па поради тоа голем број на граѓани заминаа во Кавадарци за време на дочекот.

Таму, традиционално секоја година има организирана прослава
Дури и кога се угостителските локали во прашање, поголемиот дел од младите неготинци ја дочекаа Новата година во кавадаречки кафулиња, бидејќи во Неготино за време на најлудата ноќ владееше вистинска штама.

Речиси сите локали немаа организиран дочек и беа затворени, а и во центарот на градот немаше забележителна празнична атмосфера. Украсувањето е скромно, и единствена празнчна слика даваат неколкуте приватни кафулиња кои самите се потрудиле и ги украсиле своите локали со светилки.

Последен пат во Неготино на плоштад организирано се дочека 2017 година. Тогаш градоначалник беше Ванчо Апостолов.
Извор: Фокус

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK