ноември 27, 2024

Најголемиот импресивен мурал во Скопје е на најновиот шопинг мол што наскоро ќе се отвори во општина Аеродром. На 4000 метри квадратни импресивниот мурал ќе биде секојдневна атракција за жителите на Скопје по отворањето на Џевахир Мол Скопје во првата половина на 2024 година, со што целосно ќе се заврши целиот инвестициски потег во овој дел на општината во Скопје. 

„Џевахир Мол Скопје ќе внесе различност во понудата на брендови, притоа давајќи нов белег на градот преку најголемиот мурал поставен на целата фасада на објектот. Ова е место каде покрај шопинг искуството, ќе се обидеме да дадеме содржини што ќе привлечат големо внимание и ќе го направат молот место каде луѓето ќе се дружат и ќе поминуваат време со најблиските. Нашето искуство со вакви проекти низ светот покажа дека луѓето сакаат да видат нешто поразлично, сакаат да уживаат кога купуваат и затоа ќе понудиме програма за секој ден од неделата”, велат од Џевахир Скај Сити.

Трговскиот и бизнис центар се протега на вкупна градежна површина од над 60.000 метри квадратни од кои 20.000 метри квадратни e простор за изнајмување и ќе има хипермаркет, аптеки и продавници за производи за убавина и здравје, модни брендови, како и брендови за бела техника, ресторани и кафе барови, игротека за забава на најмладите посетители, велнес центар и деловен и канцелариски простор на последниот кат од Џевахир Мол Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK