Во текот на вчерашниот ден (01.01.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 514 возачи. Од нив, 49 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 6 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 200 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 314 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Следете не, не има насекаде