ноември 24, 2024

Владата како најголем акционер во Тутунскиот комбинат Прилеп изгласа зголемување на откупните цени за кило тутун во сите три класи за по 10 отсто во секоја класа. Така сега кај најквалитетниот тутун цената за еден килограм е зголемена за пола евро, а кај класата со најслаб квалитет покачувањето е 0,3 евра за килограм тутун.

Владата го одржа ветувањето пред тутунарите и даде пример за приватните откупувачи на тутун. Тутунски комбинат Прилеп (ТКП), на последното акционерско собрание од 26 декември 2023 година, донесе одлука со која ги зголеми откупните цени на сите класи тутун за по 10 отсто.

Тоа значи дека сите тутунопроизводители кои имаат договори за откуп со ТКП единствен државен откупувач на тутун во Македонија ќе склучат аванс на договорот со кој ќе добијат за 10 отсто повисоки цени од тие што биле регулирани во стариот ценовник на комбинатот. Новината со откупните цени е предизвикана од протестите и незадоволствотото на тутунопроизводителите ширум земјава кои бараа повисоки откупни цени.

Станува збор за ориентален односно ароматичен тутун претежно од сортата „јака“ по кој Македонија е прочуена и ценета на глобалниот тутунски пазар. Тоа е автохтона сорта ароматичен тутун производена од македонски научници и тој тутун ја дава неопходната арома на цигарите. Според официјални податоци за 2022 година на цела територија на Македонија биле откупени нешто над 21.000 тони ароматски тутун што е за 20 отсто помалку од планираните 26.000 тони.

Со одлуката што ја донесе ТКП во чија акционерска структура Владата е убедливо најголем сопственик, поседува над 80 отсто од сите акции со право на глас, се зголемуваат откупните цени за килограм тутун во трите класи.

Сега за килограм ароматичен тутун со првокласен квалитет ТКП ќе плаќа 330 денари наместо досегашните 300 денари. За втора класа ароматичен тутун цената се зголемува за 24 денари и се килограм ќе се откупува за 264 денари. За трета класа по квалитет ТКП ќе доплати 18 денари, а цената за еден килограм сега ќе изнесува 198 денари.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Исто така се зголемува и цената за дополнителен во класата 1 и сега тој тутун ќе се откупува за 10 денари повеќе односно за цена од 110 денари. Мувливиот тутун ќе се откупува по цена од 14 денари за еден килограм.

Новите цени ќе важат за сите тутунопроизводители кои со ТКП склучиле договори за реколтата во 2023 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK