ноември 22, 2024

Прилепчанец на 67-годишна возраст синоќа починал откако му се слошило додека управувал со автомобилот.

-Вчера во 18:30 часот во СВР Битола, е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Прилеп кај место викано Џаферица, на  И.С.(67) од Прилеп, додека управувал патничко моторно возило марка „сузуки“ со прилепски регистарски ознаки, му се слошило и возилото излетало од патот. И.С. починал на лице место, смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, во консултација со јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK