ноември 22, 2024

Две деца биле киднапирани од ресторан во Данска откако дошле со својот татко да гледаат огномет.

Стефан Хансел (49) мирно седел со своите деца во ресторан и чекал да започне огнометот откако двајца киднапери го нападнале и ги ставиле децата во два автомобили.

Инспекторите веднаш започнале потера, а информирани се и властите во Германија поради сомнеж дека киднаперите ќе ја преминат границата.

Инаку, двата автомобили биле регистрирани со германски таблички.

Како што објави Билд, киднапираното момче Теодор (10) и девојката Клара (13) се деца на познат сопственик на ресторан во Данска кој е во врска со ТВ легендата Џерард Делинг (64).

Мајката Кристина нема контакт со децата по разводот со нивниот татко Стефан.

Засега ниту германските ниту данските власти не знаат каде се двете деца.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK