февруари 16, 2025

Актерот од „Сам дома“ Кен Хадсон Кембел (61) им се заблагодарува на пријателите и на јавноста за поддршката во текот на неговата битка со ракот.

„Неверојатно сум трогнат од вашата великодушност и добри желби. Знам дека звучи како клише, но тоа е вистина“, напиша Кембел на Божиќ на својата страница GoFundMe покрај фотографијата на која носи божиќна капа.

ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ МОДНИ БРЕНДОВИ НА ГЕРМАНЦИТЕ ПРОГЛАСИ БАНКРОТ !? Најави затворање на сите продавници ширум земјата, а решение за работниците нема ?

Германскиот моден ланец „Rubsamen“ е принуден да затвори неколку филијали ширум земјата, пишуваат германските медиуми. Оваа компанија морала да поднесе итно барање за стечај во …
,,Мислам дека е време за пауза” – Цеца најави крај на една ера, еве кога ќе се повлече (фото)

Познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ пееше на Златибор за новогодишната ноќ, додека синојка пееше на друга планина, Копаоник. Таа е горда на сите успешни …

“Благодарам на сите! Благодарам, благодарам, благодарам! Ве сакам сите, среќен Божиќ и со среќа на сите! – KennyC“ го напиша Кен, кој го глумеше Дедо Мраз во култниот филм „Сам дома“.

Тој беше подложен на 10-часовна операција на 7-ми декември, а неговата ќерка ги информираше сите за неговиот напредок на 9-ти декември. Таа, исто така, отвори страница за собирање средства GoFundMe за нејзиниот татко.

„Ракот беше успешно отстранет, а неговата коска беше реконструирана од фибулата и прикачена. И покрај резовите, таа изгледа одлично“, напиша таа.

Целта на Мишелин беше да собере 100.000 долари во донации за да ги покрие медицинските трошоци на нејзиниот татко, вклучително и физикална и говорна терапија, медицинска опрема, забни импланти и старатели.

Меѓу донаторите на страницата беа колегите и пријателите на Кембел – Стив Карел , ѕвездата на серијата „Curb Your Enthusiasm“, Џеф Гарлин , Тим Медоус и ко-креаторот на серијата „The Big Bang Theory“ Бил Пради. Веб-страницата набрзо ја постигна својата финансиска цел. Карел донирал 10.000 долари со порака дека го сака Кен.

„Татко ми се опоравува многу добро“, изјави Михаела за The Post . „Неговите очи се насолзени кога ги чита убавите зборови на своите пријатели и обожаватели. Во овој живот, повеќето луѓе не можат да слушнат колку им значат на некој друг или како нивната работа резонира со луѓето што ја виделе“.

Кембел има глумено во бројни филмови и серии, а е познат по улогите во „Groundhog Day“, „Mike & Molly“, „Gravity Falls“ и „The Practice“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK