ноември 22, 2024

На 31 декември пред влезот на Тетово кај клучката „Север“ 32 годишен тетовец забележал торбичка во која имало лични предмети и документи, како и паричник со денари и девизи.

Тој ја зел тробичката и за кратко ја предал на патролната служба на сообраќајната полиција кој била во непосредна близина.

Полициските службеници веднаш реагирале, го пронашле сопственикот и му ја предале торбичката. Се работи за 41 годишен скопјанец кој искажал големо задоволство за хуманиот потег и чесноста на тетовецот.

Настанот ни го потврдија и од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK