ноември 23, 2024

Фудбалскиот клуб Евертон, пред два месеци беше казнет со десет бода поради кршење на прописите за одржливост и профит на Премиер лигата, а сега повторно може да биде казнет. Заедно со Евертон, казна му се заканува и на Нотингем Форест.

„Тајмс“, пишува дека двата клуба се во неволја по заострувањето на правилата поврзани со финансискиот фер-плеј. Најавено е дека за можните казни ќе се одлучува на почетокот на април. Тоа значи дека евентуалното одземање на бодови ќе важи и за оваа сезона.

Според правилата, клубовите не можат да имаат загуба поголема од 105 милиони фунти во текот на три години. Евертон беше казнет затоа што нивните загуби до сезоната 2021/22 беа 124,5 милиони фунти. Нотингем Форест загуби околу 230 милиони фунти од трансфери на играчи во последните три преодни рока.

И двата клуба се борат за опстанок оваа сезона и одземање бодови би ги турнало кон Чемпионшип дивизијата.

The post Евертон повторно би можел да остане без бодови, со слична казна се соочува уште еден клуб appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK