септември 22, 2024

Предновогодишна журка и приреди српскиот пејач Ацо Пејовиќ вчеравечер на македонската публика. Салата „Борис Трајковски“ претесна за публиката која дојде да ужива во големите хитови на Пејовиќ. Преполни трибни и просторот пред бината.

Македонската пејачка Ивона Јо и нејзиниот бенд  ја загреаа скопската публика со популарни македонски и балкански хитови, а на сцената во салата нешто по 22 часот се појави Пејовиќ.

Публиката  уште на самиот почеток во еден глас ги пееше постарите хитови на Ацо. Песните – преработки од Тома Здравковиќ, скопската публика ги пееше погласно и од него.

Најемотивен момент на концертот беше на песната „Лилјана“ кога публиката пееше акапела, а  Пејовиќ го држеше микрофонот. Присутните на трибините и пред сцената со мобилни телефони светеа и го снимаа овој момент за спомен.

Кулминација на концертот беше кога пејачот ја отпеа „Македонско девојче“, со која  и се заблагодари на македонската публика за одличниот концерт во Скопје, по концертот за кој долго се раскажуваше одржан во април оваа година.

Концертот го организираше „Балкан медија“.

The post Ацо Пејовиќ со “Македонско девојче“ го крена Скопје, пак сруши рекорд со публика и направи концерт за паметење appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK