септември 22, 2024

„Ова непријателско однесување јасно покажува дека Грција стана толку арогантна што ги занемарува основните принципи и вредности на НАТО. Време е НАТО да каже стоп на оваа дрскост“

Поради добронамерниот пристап на Туркије да ги направи Егејското и Средоземното Море, море на пријателство, министерот за одбрана на Туркије денес го повика НАТО да ја натера Грција да запре со својата дрскост.

И покрај нашиот добронамерен пристап, Грција продолжува да провоцира и да ги ескалира тензиите и нејзиното незаконско однесување“, рече Хулуси Акар на годишниот состанок за евалуација на Министерството за национална одбрана.

Нагласувајќи дека Грција двапати во последната недела вознемирува турски авиони кои учествуваа во вежбите на НАТО, Акар рече: „Ова непријателско однесување јасно покажува дека Грција стана толку арогантна што ги занемарува основните принципи и вредности на НАТО. Време е НАТО да каже стоп на оваа дрскост.“

Туркије, која е членка на НАТО повеќе од 70 години, се пожали на провокативните дејства и провокативната реторика на Грција што продолжува во регионот во последните месеци, и наоружувањето на островите во близина на турското крајбрежје кои, според обврските од договорот, треба да се демилитаризирани. Туркије нагласува дека таквите потези ги оневозможуваат нејзините добронамерни напори за мир.

Во врска со кандидатурите на Шведска и Финска за приклучување кон НАТО, Акар ги повтори очекувањата на Туркије од двете нордиски земји „да ги исполнат обврските што ги потпишаа во Мадрид – прекин на поддршката за терористите и отстранување на ограничувањата што ги наметнаа за Туркије во врска со листата за екстрадиција.

„Толку е едноставно“, порача турскиот министер.

Тој се осврна и во врска со прашањето за американската продажба на борбени авиони Ф-16 нa Туркије, истакнувајќи дека додека Анкара работи на „унапредување на пристапот на нашите американски колеги“, таа исто така очекува „позитивно и конкретно“ заокружување на продажбата и на модернизацијата на авионите од страна на Вашингтон.

Анкара побара да купи од САД авиони Ф-16 и комплети за модернизација во октомври 2021 година. Договорот вреден 6 милијарди долари вклучува продажба на 40 авиони, како и комплети за модернизација за 79 воени авиони што Турските воздухопловни сили веќе ги имаат во својот инвентар.

AA

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK