ноември 22, 2024

Ни најискусните мажи немаат одговор на прашањето што е она што жената го бара од совршениот партнер. Точно е дека вистинско решение всушност и нема, и дека се е индивидуално, но сепак постојат некои ситници кои сите дами без исклучок ги посакуваат.

На прво место е искреноста. Искреноста е многу важна за жените и најмногу од се не поднесуваат кога овој сегмент во врската недостасува. Кога мажот лаже, жените се подготвени и да ја раскинат врската, бидејќи најважно од се за нив е да имаат на кого вистински да се потпрат. Без оваа основа, врската стои на стаклени нозе.

Шефот на либанската дипломатија бара од Хезболах да не одговара за убиството во Ал-Арури

Либанскиот министер за надворешни работи Абдала Бу Хабиб изјави дека неговата влада разговара со Хезболах за „да му укаже на движењето дека не треба да одговори“ на убиството на …
Истополовите парови во Естонија од вчера можат законски да склучат брак

Истополовите парови во Естонија можат да се венчаат од Нова година, а таа е првата земја создадена на територијата на СССР која ги легализираше хомосексуалните бракови. Естонскиот парламент гласаше …

На второ место е неговата способност да слуша. Жените сакаат кога покрај себе имаат партнер на кој можат да се доверат, кој ќе знае да ги сослуша, да ги советува и да биде нивна подршка во секој момент. Ако ја имате таа моќ, ќе се издвоите од останатите риби во морето. Слушајте што зборува и ќе бидете специјален за неа, а таа ќе посака засекогаш да ве има во своја близина.

И на трето место е зрелоста. Жените сакаат стабилни мажи, кои знаат што сакаат. Во машката природа е тој да биде јак и секогаш цврст прислон за жената, а во ситуациите кога е обратно, дамите набрзо ќе почнат да бараат нешто ново, некој кој ќе умее да ги заштити и да ги направи да се чувствуваат сигурни. Жената е нежна и нормално е да бара некој кој ќе биде посилен од неа. Се останато не доаѓа во предвид.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK