ноември 22, 2024

Многу професии бараат долго седење, без разлика дали работите од дома или во канцеларија. Повремено може да се почувствувате чудно, видот да ви се замагли или да почувствувате вртоглавица кога ќе станете.

 

 

 

 

Оваа чудна појава се нарекува ортостатска хипотензија. Според клиниката Мајо, оваа појава е позната како постурална хипотензија или облик на низок крвен притисок што се јавува кога ќе станете по долго лежење или седење.

 

Останатите симптоми на оваа состојба вклучуваат замаглен вид, слабост, а во потешки случаи конфузија, несвестица и мачнина. Според експерти од клиниката во Кливленд, причина за оваа појава е брзото опаѓање на крвниот притисок додека телото ја менува положбата од седечка во исправна положба.

 

„Вообичаено, крвните садови во долниот дел на телото се стеснуваат кога стануваме, а крвниот притисок премногу паѓа при промена на положбата на телото“, истакна кардиологот Гај Маида за Everyday Health.

 

Ако овој процес не се одвива доволно брзо, протокот на крв во мозокот може да се намали што доведува до вртоглавици и чувство на несвестица. Ортостатската хипотензија може да биде симптом на други состојби во организмот.

 

Според истражувачи од клиниката Мајо, луѓето кои се анемични, имаат дефицит на витамин Б12, Адисонова болест или болест на тироидната жлезда, имаат поголем ризик да ја стекнат оваа состојба.

 

Ризикот е зголемен и од срцеви болести и депресија.

 

Дехидрацијата исто така е голема причина бидејќи недостигот на вода може да ја намали количината на крв која кружи низ вените.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK