ноември 24, 2024

Францускиот суд го осуди алжирскиот фудбалер Јусеф Атал на осуммесечна условна казна за поттикнување верска омраза во објава на социјалните мрежи за конфликтот меѓу Израел и Газа.

Кривичниот суд во Ница изјави дека Атал мора да плати и 45.000 евра за објавување антисемитско видео на неговиот Инстаграм профил, пренесе Би-би-си.

Фудбалскиот клуб Ница го суспендираше 27-годишниот дефанзивец до понатамошно известување. Атил ќе биде дел од репрезентацијата на Алжир за претстојниот Куп на африканските нации.

Во октомври, Атал сподели и набрзо избриша видео со повик за „црн ден за Евреите“ на социјалните мрежи. Тој веднаш се извини и го осуди насилството во светот.

Атал за време на судењето рече дека не го гледал целото видео од 35 секунди и дека сакал да испрати „порака за мир“, но неговата изјава не го убедила обвинителството.

„Споделувањето видео значи учество во неговата порака. Во овие 35 секунди, во ниту еден момент не се зборува за мир“, рече обвинителот Маги Чоутија.

The post Алжирец доби условна казна за поттикнување верска омраза appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK