ноември 23, 2024

Откако судијката Лорета Преска на крајот на минатата година нареди објавување на „тајните“ документите кои беа дел од тужбата за клевета поднесена од Вирџинија Џуфре против соработничката на педофилот Џефри Епштајн, Гислајн Максвел, во 2015 година, тие беа споделени со јавноста доцна вечерта во средата, а од нив се плашат многу познати светски фаци.

„Тој еднаш кажа дека Бил Клинтон сака млади девојки, значи девојчиња“, изјавила Јохана Сјоберг во изјавата што ја дала на 18. мај 2016 година.

ВИДЕО | Полуден криминалец ја прескокнал заштитната ограда во судницата и за време на судењето ја претепал судијката: “Кучко една!“

Откако го одби неговото барање за кауција, судијката Мери Кеј Холтус од Лас Вегас беше нападната од криминалец за време на сослушувањето. На видео-снимката, направена во …
И ПОЗНАТ НАУЧНИК ГО ПОСЕТИЛ ОСТРОВОТ КАДЕ ЦАРУВАЛА ПЕДОФИЛИЈАТА – Џефри Епштајн се плашел неговото име да не протече во јавноста: “Најдете некој што ќе негира дека Стивен Хокинг беше на оргии“

Објавените документи на мултимилионерот Џефри Епштајн покажуваат дека тој испратил е-пошта на својата поранешна љубовница, Гислајн Максвел, за да негира дека познатиот светски …

Принцот Ендрју, војводата од Јорк, поранешните претседатели на САД, Бил Клинтон и Доналд Трамп, покојниот славен музичар Мајкл Џексон и американскиот магионичар и илузионист Дејвид Коперфилд се само некои од луѓето кои се споменуваат во нив.

Извадок од еден од документите поврзани со Џефри Епштајн

Тоа што нечие име стои во споменатите судски списи не значи дека тие лица се обвинети за некакви кривични дела.

Повеќе за самите документи можевте да прочитате претходно.

Повеќе за сведочењето на девојката Јохана Сјоберг, која тврди дека поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон сакал „млади девојчиња“ можете да прочитате подолу:

Бил Клинтон претходно изјави дека жали што се дружел со Џефри Епштајн, кој ја посети Белата куќа неколку пати за време на неговиот претседателски мандат. Кога станува збор за врската меѓу Бил Клинтон и Џефри Епштајн, поранешниот претседател на САД никогаш не беше обвинет.
Портпаролот на Бил Клинтон изјави дека тој четири пати бил патник во авионот на Џефри Епштајн и дека овие патувања се случиле во 2002 и 2003 година. Се додава дека Бил Клинтон и Џефри Епштајн немале контакт 20 години.
Девојката Јохана Сјоберг за време на судењето кажала дека знаела дека Џефри Епштајн имал контакт со Бил Клинтон, но не знаела дека тие се пријатели додека не прочитала за тоа во медиумите.
Јохана Сјоберг вели дека никогаш не го видела Бил Клинтон на островот Џефри Епштајн кој се наоѓа на територијата на САД.

Сите 943 страници судски списи на англиски јазик од кои треперат многу познати светски фаци се на следниов линк.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK