ноември 22, 2024

Командантот на вооружените сили на Украина во југоисточниот правец на фронтот, Александар Тарнавски, наведува дека руската армија наеднаш ги засилила нападите на тој дел од фронтот!

– Нападите на руските окупатори се речиси двојно зголемени во претходните 24 часа, вклучително и воздушни напади и гранатирање на нашите позиции – предупредува командантот на вооружената група Таврија на својот канал Телеграм.

ФОТО | ЕКСТРЕМНИТЕ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ ЈА ПАРАЛИЗИРАА ЕВРОПА – Минус 44 степени на север, трагична смрт на мајка и ќерка

Екстремниот студ и снежното невреме го попречија сообраќајот и доведоа до затворање на училиштата во Скандинавија, додека силните ветрови и обилните дождови …
Колку пари испраќаат во Македонија нашите иселеници?

Од Народната банка на Република Македонија откриваат колку македонските иселеници испратиле пари во Македонија. Многу македонски граѓани се иселени во Австралија, но …

Тарнавски наведува и дека најжестоките борби се водат околу Авдијивка и кај Маринка.

Руските воени блогери исто така известуваат дека се водат тешки борби.

Нашата авијација и артилерија активно работат. Јужно од Маринка, главните напори на руската армија се концентрирани во близина на Новомихајловка. Нема значителни промени на линијата на фронтот. На правецот Авдијево се водат крвави борби. Активните области на фронтот се во околината на Степовеј, фабриката за кокс, Опитни и Невелској – според воениот блогер Рибар.

Руските сили, наводно, напредуваат и кон Часив Јар.

Иницијативата е во рацете на нашите војници! Вооружените сили на Русија спроведуваат офанзива на Богдановка и Хромова. На југ, кај Курдџумовка, беше пријавено дека се окупирани неколку непријателски позиции – вели Рибар.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK