ноември 22, 2024

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1, Насилство од член 386 став 1, како и Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик.

ФОТО | ЕКСТРЕМНИТЕ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ ЈА ПАРАЛИЗИРАА ЕВРОПА – Минус 44 степени на север, трагична смрт на мајка и ќерка

Екстремниот студ и снежното невреме го попречија сообраќајот и доведоа до затворање на училиштата во Скандинавија, додека силните ветрови и обилните дождови што …
Колку пари испраќаат во Македонија нашите иселеници?

Од Народната банка на Република Македонија откриваат колку македонските иселеници испратиле пари во Македонија. Многу македонски граѓани се иселени во Австралија, но имаме …

Обвинетиот во својот автомобил Ауди Q5 неовластено држел огнено оружје пиштол марка AG-9 и две рамки со вкупно 30 куршуми. Пред зграда на улицата „Џон Кенеди“ го вперил пиштолот кон три лица, удирајќи со шлаканица еден од оштетените. Потоа испукал еден куршум во воздух. Со тоа извршил грубо насилство и предизвикал значителна опасност за животот на оштетените, а во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK