ноември 22, 2024

Денеска до полноќ треба да завршиме уште со попис во една бензиска пумпа. Таму оди потешко соработката со даночниот обврзник. Целиот капацитет од регионална дирекција Штип ќе биде вклучен во спроведувањето на пописот. Станува збор за посебна мрежа и за три познати бензиски пумпи од различни региони од државата, вели директорката на УЈП, Сања Лукаревска околу најавуваната истрага за компании од нафтениот бизнис кои затајувале данок.

ФОТО | ЕКСТРЕМНИТЕ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ ЈА ПАРАЛИЗИРАА ЕВРОПА – Минус 44 степени на север, трагична смрт на мајка и ќерка

Екстремниот студ и снежното невреме го попречија сообраќајот и доведоа до затворање на училиштата во Скандинавија, додека силните ветрови и обилните дождови што ја погодија Западна Европа …
Колку пари испраќаат во Македонија нашите иселеници?

Од Народната банка на Република Македонија откриваат колку македонските иселеници испратиле пари во Македонија. Многу македонски граѓани се иселени во Австралија, но имаме и голем број гастарбајтери …

Според директорката, по завршување на празниците и пописот, ќе соопштат соодветно известување на јавноста околу истрагата и преземените мерки.

На почетокот на декември 2023 година, првиот човек на УЈП истакна дека се во фаза на откривање на еден специфичен ланец на компании кои се обиделе да ја изиграат државата.

-За десетина дена ќе објавиме, работиме на специфичен ланец на нафтени компании кои се обиделе да го изиграат системот. Ние ќе ги споделиме сите факти и записници до надлежните компании, рече Лукаревска во дебатна емисија.

Според директорката на УЈП, имало обид да се сокрие данок во сметководствената евиденција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK