ноември 22, 2024

Научниците велат дека модерниот начин на живот доведе до специфични лоши навики во исхраната, како доцнење или прескокнување на појадок, кој се смета за најважен оброк во денот.

Француско истражување покажало дека луѓето кои јадат во 9 часот имаат шест отсто поголеми шанси да развијат кардиоваскуларни болести од оние кои појадуваат еден час порано. Јадењето вечера после 21 часот е поврзано со 28 отсто поголем ризик од цереброваскуларни болести, како што е мозочен удар, во споредба со јадењето пред 20 часот, пишува Мирор.

Истражувачкиот тим користел податоци од повеќе од 103.000 Французи со просечна возраст од 42 години за да ја проучи поврзаноста помеѓу моделите на внесување храна и кардиоваскуларните болести.

„Резултатите покажуваат дека јадењето на вашиот прв оброк подоцна во текот на денот, како што е прескокнувањето на појадокот, е поврзано со поголем ризик од кардиоваскуларни болести. На пример, личноста која го јаде првиот оброк во 9 часот има шест проценти поголеми шанси да развие кардиоваскуларни болести отколку личноста која јаде во 8 часот наутро“, вели д-р Бернард Сроур.

Подолгото траење на ноќниот пост, односно времето помеѓу последниот оброк во денот и првиот оброк наредниот ден, е поврзано со намален ризик од цереброваскуларни заболувања. Ова ја поткрепува идејата дека е подобро првиот и последниот оброк во денот да се јаде порано, пренесува index.hr.

The post Експертите со упатства како да се организираат оброци за да се намали ризикот од срцев удар appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK