Во Белград е отворен музејот Yandex, кој на посетителите ќе им овозможи да се вратат во минатото и бесплатно да пробаат дел од легендарните компјутери и конзоли.
Компанијата Yandex отвори музеј во Белград наменет за сите љубители на ретро уреди, технологии, стари конзоли и оние кои сакаат од прва рака да дознаат како некогаш изгледале и функционирале првите компјутери и гејмерски конзоли.
Музејот е отворен во работните денови од 11 до 19 часот и што е најважно, разгледувањето на експонатите е бесплатно.
Yandex го отвори музејот со цел да им овозможи на посетителите и првенствено на децата не само да гледаат, туку и физички да почувствуваат и допираат делови од ИТ историјата што на овој начин се спасени од заборав.
Посетителите на музејот ќе имаат можност да ги видат и пробаат легендарните компјутери, како што се Commodore 64, Amiga 500, ZX Spectrum или Apple iMac G4 компјутерот.
Место е резервирано и за Галаксија, домашен компјутер од југословенската ера развиен од Војо Антониќ во 1983 година. Како микропроцесор, уредот користеше Z80A и имаше 6 KB RAM меморија. Касетофон служел како надворешна мемориска единица, а обичен телевизор се користел како монитор.
Музејот Yandex прикажува и гејмерски конзоли кои ги одбележаа осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век. Тие вклучуваат Super Nintendo Entertainment System (SNSE), Sega Mega Drive и оригиналниот PlayStation.
Посетителите ќе можат да внесуваат команди во компјутерите или да пробаат некои од легендарните игри, како што се Super Mario, Sonic, Doom и други.
B92
The post Белград доби музеј кој ви овозможува да го допрете минатото appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде