Арсенал го доби најтешкиот противник во ФА Купот. Лидерот во Премиер лигата, Ливерпул е прва пречка на паот кон трофејот.
Екипите на Микел Артета и Јирген Клоп ќе ги одмерат силите на „Емирати“, а Арсенал за првпат во историјата на домашен терен ќе игра во целосно бел дрес.
Ливерпул затоа ќе игра во својот вообичаен домашен црвен дрес, иако е гостински тим.
Причината за промена на бојата на дресот е кампањата за намалување на криминалот со ладно оружје, „No more reд“, причина поради која компанијата Адидас го создаде овој дрес на Арсенал.
„Топчиите“ го носеа двапати претходно против Нотингем Форест и Оксфорд Сити, но двата пати на гости.
The post Арсенал прв пат на домашен терен ќе игра во бела опрема appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде