Српскиот политичар Срџан Ного на својот Твитер профил објави нови досега необјавени фотографии од возилото на велешанецот Панче Жежовски. Фотографиите кои ги објави и снимките кои што ги поседува како што вели тој се направени од безбедносни камери, а во последната своја најава вели дека утре во 16:00 часот ќе ги објави снимките во целост.
Тој во својата најава вели дека ќе ја објави во целост снимката од киднапирањето на малечката Вања како и во целост снимката од „киднапирањето“ на велешанецот Жежовски.
-ЕКСКЛУЗИВНО ги објавувам снимките од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 07 часот и 30 минути, како и сите други снимки од киднаперот снимени од камерите. И ЕКСКЛУЗИВНО објавувам видео од „киднапирањето“ на Панчо Жежовски, фризер од Велес. Ќе дознаете како течела истрагата и кој всушност ги разрешил двата случаи, со нив го поврзал Љупча Палевски Палчо и обезбедил докази за апсењето на штипјанецот Влатко Кешишов, штипјанецот Велибор Манев и Бор Видевски од Велес. Очекувајте ЕКСКЛУЗИВНО во петок 05.01. во 16 часот. Следете ме, напиша тој на Твитер.
Во претходните свои објави Ного шпекулира дека Жежовски е забележан на бензиска пумпа на која се полнело гориво заедно со како што вели неговите „киднапери“.
Палчо или Панчо? Ексклузивно: снимка од Панчо Жежовски на бензинска со неговиот „киднапер“, пишува Ного на Твитер.
По однос на објавените фотографии и шпекулациите на српскиот политичар побаравме одговор и од јавното обвинителство од каде велат дека во овој момент поради истрагата не можат да се објават дополнителни детали за случајот упатувајќи не дека датумите на снимките се клучот на сите поставени дилеми.
Во секој случај во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени снимките на кои според фотографиите споделени од Ного има и временски печат што упатува дека многу нешта ќе бидат разјаснети утре во 16:00 часот.
Следете не, не има насекаде