Српскиот политичар Срџан Ного на својот Твитер профил објави нови досега необјавени фотографии од возилото на велешанецот Панче Жежовски. Фотографиите кои ги објави и снимките кои што ги поседува како што вели тој се направени од безбедносни камери, а во последната своја најава вели дека утре во 16:00 часот ќе ги објави снимките во целост.
Тој во својата најава вели дека ќе ја објави во целост снимката од киднапирањето на малечката Вања како и во целост снимката од „киднапирањето“ на велешанецот Жежовски.
ЕКСКЛУЗИВНО ги објавувам снимките од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 07 часот и 30 минути, како и сите други снимки од киднаперот снимени од камерите. И ЕКСКЛУЗИВНО објавувам видео од „киднапирањето“ на Панчо Жежовски, фризер од Велес. Ќе дознаете како течела истрагата и кој всушност ги разрешил двата случаи, со нив го поврзал Љупча Палевски Палчо и обезбедил докази за апсењето на штипјанецот Влатко Кешишов, штипјанецот Велибор Манев и Бор Видевски од Велес. Очекувајте ЕКСКЛУЗИВНО во петок 05.01. во 16 часот. Следете ме, напиша тој на Твитер.