Обожавателите на Елвис Присли кои немаа можност да го видат додека беше жив, благодарение на вештачката интелигенција ќе можат да присуствуваат на настапот на кралот на рокенролот кон крајот на оваа година.
За шоуто „Елвис еволуција“ ќе се користи вештачка интелигенција, холографска проекција, проширена реалност и театар во живо за да се ресоздадат настани од животот и музиката на Елвис, објаснуваат од „Лејерд ријалити“, компанијата за забавна индустрија која го развива шоуто.
„Тоа ќе биде прослава на животот на Елвис; на човекот, музиката и неговото културно наследство. Врвот на тоа искуство ќе биде изведбата на Елвис со вештачка интелигенција“, изјави Ендрју Мекгинес, основач и извршен директор на компанијата.
Инаку, компанијата склучи договор со „Аутентик бренд груп“, сопственик на имотот на Елвис Присли, за развој на овој необичен спектакл. Британската компанија доби пристап до илјадници фотографии и видеа на музичката ѕвезда за да создаде нови изведби со помош на вештачка интелигенција.
Елвис Присли е познат како најпродаваниот соло-музички изведувач досега, со повеќе од 500 милиони продадени плочи. По Лондон, шоуто „Елвис еволуција“ ќе обиколи повеќе градови, меѓу кои Лас Вегас, Токио и Берлин.
Следете не, не има насекаде