ноември 23, 2024

Foto/ EPA

Хрватска со победа на пенали ја започна одбраната на европската титула во ватерполо. Во Дубровник, Хрватска ја победи со 14:12, во регуларниот тек натпреварот заврши 9:9.

Хрватска успеа во полседната четвртина на надополни негатива од два гола. Конечните 9:9 ги постави Фатовиќ на четири минути и 25 секунди до крајот.

Пенал серијата Хрватска ја доби со 5:3.

Во победничкиот тим Лорен Фатовиќ и Лука Бркиќ постигнаа по два гола, а кај шпанскиот тим Алваро Гранадос, Фелипе Роша Пероне, Бернат Карне и Марк Ларумбе.

Претходно во уште едно дерби на стартот на шампионатот, Грција славеше над Унгарија со 10:8. Италија ја декласира Грузија со 22:5, а Црна Гора по изведувањето пенали ја победи Франција со 20:19.

The post Хрватска и Грција со победи го отворија ЕП appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK