ноември 22, 2024

САД повеќе не инсистираат на тоа Украина да не извршува напади на руска територија, вклучително и напади со беспилотни летала, објави синоќа лондонски „Тајмс“, повикувајќи се на неименуван извор од Министерството за одбрана на САД.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Пентагон претходно стравуваше дека ударите на руска територија би биле ескалаторни за конфлитот. На пример, Русија би можела да употреби нуклеарно оружје или во одмазда да гаѓа цели во НАТО земјите. Министерството во меѓувреме се премисли, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

„Сѐ уште ги земаме предвид истите пресметки за ескалација, но стравот од ескалација сега е променет, сега е поинаку. Затоа што калкулусот на војната е променет како резултат на огромното страдање и бруталноста на кои Украинците се подложни од рацете на Русите“, изјавил изворот.

Ваквите ставови доаѓаат по бројните руски ракетни напади и бомбардирање на критична граѓанска инфраструктура и енергетските постројки на Украина.

„Не му велиме на Киев ‘не гаѓајте по Русите’. Не можеме да им кажеме што да прават. Од нив зависи како да го употребуваат оружјето, но кога го употребуваат оружјето што ние го снабдуваме, инсистираме армијата на Украина да ги запазува меѓународните закони на војната и да се потчинува на Женевската конвенција“, истакна изворот од Пентагон. Тој рече дека Украина ги спроведува овие услови.

Официјален Вашингтон нема изјавено дека поддржува или охрабрува украински напади на руска територија.

МИА

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK